еМагазин
Image default
Македонија

Тортевски: Најголемата одговорност за бегството на Груевски е кај МВР

Најголемата одговорност за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски е кај МВР, без разлика на тоа дали е побаран притвор од обвинителството или не, рече адвокатот Александар Тортевски во гостување на Топ тема на ТВ Телма.

„Најголемата одговорност е кај МВР, без оглед дали е побаран притвор од обвинителството или не. Груевски не беше присутен на објавување на пресудата. Во овој случај имаше спортска шанса од три дена за Груевски да бега… Аболицијата која ја даде претседателот Ѓорге Иванов и нејзиното спорно поништување е спорна и може да се искористи во постапката за Груевски во Унгарија каде ќе добие целосна помош од режимот на Орбан“.

Според него, кривичното дело за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за кое Груевски доби затворска казна е благо и за него не се бара притвор.

„Но, Груевски е обвинет во други случаи, а е еден од осомничените за случувањата на 27 април минатата година, што е сомневање за сериозно кривично дело. Спрема таков човек полицијата мора да има постојани оперативни сознанија за тоа каде е, кај се движи, со кого се среќава“, рече Тортевски.

Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

За Фрчкоски бегството на Груевски е скандал за државата, грешката е кај МВР

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 342 случаи на Ковид-19 од 2.349 тестирања

Редакција

И Македонци помеѓу евакуираните на Евија: Претпазливост при патување во Грција заради пожарите, порачуваат од МНР

Редакција

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста на промената на името на државата во Северна Македонија

Редакција