еМагазин
Image default
Македонија

Трајковски, кој беше фотографиран со Груевски тврди дека бил во Будимпешта на преглед за синусите и дишните патишта

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба Александар Трајковски кој беше снимен на фотографија со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпшешта, на денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ во кој е еден од обвинетите, рече дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта.

Трајковски во Будимпешта заминал по второ мислење за неговата болест, за што приложил и медицинска документација.

Александар Трајковски е вработен во Царинската управа, од каде соопштија дека во времето кога беше објавена фотографијата тој бил на боледување. Од Царината најавија дека е поведена постапка за утвдување дали боледувањето му е оправдано и оти ако се утврдат злоупотреби ќе бидат преземни соодветни мерки.

Фотографијата од Груевски на која е и Трајковски беше снимена и објавена од дописник на „Гардијан“ од Будимпешта и е прв фото запис од поранешниот премиер по бегството во Унгарија.

МИА/Фото: Гардијан

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајковски без коментар за фотографијата со Груевски во Будимпешта

(Видео) Груевски снимен во познат и скап ресторан во Будимпешта

(Фото) Груевски се шета низ Будимпешта?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно дојави за бомби во четири училишта во Скопје

Редакција

Џафери: Истечени се роковите за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските

Редакција

Вкупно 241: 22 нови случаи на заболени со коронавирусот, 9 во Скопје

Редакција