еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: Автобус прегази маж на автопатот Гостивар-Тетово

Педесет и двегодишен маж почина во сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар-Тетово во близина на гостиварската патарина.

Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила околу 19 часот кога автобус со гостиварски регистерски ознаки удрил во пешак кој се нашол на коловозот.

Oбвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде вечерва се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, информираа од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ).

Според првичните информации, како што наведуваат, несреќата се случила откако автобус со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешак кој се движел по магистралниот пат Гостивар – Охрид. Како последица на настанатите повреди лицето го загубило животот.

„Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место и за утврдување на евентуално присуство на алкохол во крвта на возачот на автобусот. Издадена е наредба за вршење обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Гостивар презема дејствија за целосно расчистување на настанот“, соопшти ЈОРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден скопски моторџија во сообраќајка со „Форд фиеста“

Редакција

Санкционирани 467 возачи во Скопје, од кои 101 за пречекорена брзина

Редакција

Две момчиња „оперирале“ во радовишко: Шест месеци краделе нафта од багери, камиони, булдожери…

Редакција