еМагазин
Image default
Македонија

Трагедија: Двајца прилeпчани загинаа по пад во провалија

На 10.09.2018 година во 00.20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, патничко возило „Опел Астра“, управувано од О.И.(37) од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија, информира МВР.

Притоа, возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. За време на увидот, од 00.30 до 05.00 часот сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа пет пациенти од Ковид-19, најмладата има 46 години

Редакција

Ако се проневери еден денар за изградба на коридорите, да скапеме во доживотен затвор, вели Груби

Редакција

(Фото) Каде ќе се чуваат вакцините за Ковид-19: Обезбедени фрижидери до -20 степени, тие до -70 ќе стигнат во јануари

Редакција