еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Еден рудар загина, а двајца се повредени при минирање во рудникот Булмак-Минстрој

Еден рудар загина, а двајца рудари вработени во рудникот за олово и цинк, Булмак-Минстрој, поранешна Тораница се повредени при минирање на јама.

Според официјалните првични информации од Секторот за внатрешни работи Куманово, несреќата во рудникот се случила вчера околу 13 часот, а во Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка е пријавена во 14:20 часот.

Во несреќата загина Б.М. (57) рудар од Крива Паланка, а повредени се Ј.М. (30) и А.Н. (32).

Според последните информации повредените се вон животна опасност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18 мигранти од Бангладеш пронајдени во возило на патот Неготино-Градско

Редакција

Русија прва во светот: За 2 недели планира да одобри за употреба вакцина за коронавирусот

Редакција

Нема промени: Актуелните правила за влез во Грција продолжени до 1 мај

Редакција