еМагазин
Image default
Локално

Трагедија кај Гостиварско: Еден починат и двајца повредени во сообраќајна несреќа

Едно лице го загуби животот, а две се повредени откако автомобил излетал од коловозот на локален пат во близина на селото Падалишта, гостиварско.

Според првичните сознанија на полицијата, случајот бил пријавен околу 13 часот од службата за брза помош, каде биле донесени три лица. Тие со повреди биле извлечени од автомобил „фиат панда“ кој откако изгубил контрола излетал и се превртел неколку пати.

Набрзо по несреќата животот го загубил 21-годишен жител на Падалишта, другите двајца на возараст од 25 и 23 години се задобиле со тешки повреди. Во моментов увидна екипа и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драма во продавница во Маџари: Разбојник ја нападнал продавачката

Редакција

Четворица се тепале во кафана на Кејот во Скопје

Редакција

Градоначалникот на Чашка бара на преминот на пругата кај Порцеланка да се постави хоризонтална и вертикална сигнализација

Редакција