еМагазин
Image default
Локално

Трагедија: Почина моторџија од Скопје во судар меѓу влекач и два мотоцикли

На 21.04.2019 година во 12.45 часот на автопатот „Пријателство“, атар на с.Ржаничино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило – влекач „МАН“ со полуприколка „Шмитз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(54) од Скопје, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ.(29) од Скопје и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.М.(27) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите на мотоциклите. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде Б.Ѓ. им подлегнал на повредите, додека со тешки телесни повреди В.М. бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најдобрите трговски објекти во категоријата “супермаркети“ во Скопје за 2019

Редакција

Приведен 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка

Редакција

Хаос во кафана во Горно Лисиче: Им се заканувал со пиштол, тие му го одзеле

Редакција