еМагазин
Image default
Локално

Трагедија во Скопје: Градежен работник почина откако врз него падна железна арматура

На 18.02.2019 година во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објект во изградба на улица „Лондонска“ во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица, починал градежниот работник М.А.(33) од село Челопек, тетовско, информира МВР.

Според пријавеното, додека М.А. се обидувал да натовари железна арматура на кран, арматурата се откачила и од висина од околу два метри паднала врз него.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец со службен пиштол се распукал пред кафана во Крива Паланка

Редакција

Тешко повредена 18-годишна девојка од Тетово по удар од „Голф“

Редакција

Татко осомничен за полов напад врз 12-годишно девојче

Редакција