еМагазин
Image default
Локално

Трагедија во Трнодол: Пронајдено тело при расчистување на остатоците од пожарот во барака

Во пожарот што попладнево избувна во барака во скопската населба Трнодол има една жртва. Телото е пронајдено при расчистување на остатоците од пожарот.

– Пожарот е изгаснат пред околу 20 минути. Дел од пожарникарите кои останаа на терен да го расчистат теренот го пронајдоа телото, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски во изјава за МИА.

Пожарот беше пријавен во 14 часот, а Противпожарната единица на Град Скопје интервенираше со пет возила и 14 пожарникари.

Причините за настанување на пожарот ќе бидат познати по извршениот увид.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Откриен еден од крадците на сефот од маркетот во Црниче: Што сè е украдено

Редакција

Застрелал дете со воздушна пушка

Редакција

Нападнал полицаец на „Туристичка“ во Охрид

Редакција