еМагазин
Image default
Локално

Тракторист почина во тешка сообраќајна несреќа на патот Тетово-Јажинце

На 18.02.2019 година во 17.40 часот на регионалниот пат Тетово – село Јажинце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(59) од село Нераште, трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од А.Б.(50) од село Доброште, а било удрено и паркирано патничко возило „Фолксаваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Е.(36) од село Доброште, информира МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и А.Д.(59) од село Нераште, сопатничка во возилото „Фолксваген Голф“, управувано од А.Д..

Со други возила тие биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде лекар констатирал смрт кај возачот на тракторот. Додека, кај сопатничката А.Д. биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Кај А.Д. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца скопски разбојници нападнале жена-обезбедувач на маркет

Редакција

Скопјанец со товарно возило удрил во жена

Редакција

Пет имале неисправни сопирачки: СВР Тетово за неколку часа откри дури седум неисправни автобуси

Редакција