еМагазин
Image default
Свет

Трамп, Макрон и Путин не доаѓаат на самитот во Давос

Во Давос од 22 до 25 јануари се одржува економскиот форум каде ќе бидат светските челници и на кој ќе се зборува за стратегии за иднината и ќе се обиде да се најдат одговори за актуелните проблеми.

Овогодишниот состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос ќе биде фокусиран на долгорочни глобални проблеми како климатските промени, најавуваат организаторите пред собирот и на кој нема да бидат дел од клучните светски лидери.

Меѓу 3.200 претставници нема да бидат шефовите на држави на САД, Франција Русија и Кина. Ниту еден од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Американскиот претседател Донал Трам, откажа присуство во Давос поради блокадата на владата заради изградбата на ѕидот на границата со Мексико, додека неговиот француски колега Емануел Макрон има  работа со протестите на „Жолтите елеци“.

На форумот на бизнис лидери и политичари во швајцарските Алпи, ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, јапонскиот пемиер Шинѕоп Абе, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

– Ако погледенете наоколу ќе видите дека сите се фокусирани на средување кризи, вели основачот на WEF, Клаус Шваб. – Во Давос сакаме долгорочен поглед на тоа.

Темата на овогодишниот состанок е: „Глобализација 4.0 – Обликување на светската архитектура во време на четвртата индустриска револуција“.

Високи претставници на меѓународни организации, како што се директорот на ММФ, Кристин Лагард, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и на НАТО, Јенс Столтенберг, во Давос ќе се соочат со опасностите од појавата на целосна трговска војна и зголемената политичка тензија помеѓу светските сили, како што беше предупредено од извештајот на Форумот, објавен во пресрет на собирот.

Анкетата спроведена од страна на организаторите на Форумот меѓу илјадниците креатори на политиката, академици и бизнис лидери е, според американскиот „Волстрит Џурнал”, дека кибер-нападите и климатските промени се високо на листата на потенцијални опасности.

Берге Бренда, претседавач на Форумот, затоа, во изјава вели дека повеќе од кога било досега постои итна потреба да се обнови архитектурата на меѓународната соработка.

Но, до 25-ти јануари, околу 3.000 учесници на собирот во Давос тешко дека ќе најдат решенија за тие сериозни глобални ризици. Дури и девет од десет испитаници очекуваат дека односите меѓу водечките светски сили ќе се влошат во 2019 година. Покрај тоа, 88 отсто од нив очекуваат понатамошна ерозија на мултилатералните трговски прописи и договори.

– Се чини дека постои недостаток на колективна волја за справување со глобалните ризици. Наместо тоа, поделбите се продлабочуваат, се вели во извештајот, додавајќи дека колапсот на меѓународната соработка достигна „нивоа на криза” и ќе продолжи да спречува меѓународни акции за справување со кризата во оваа година.

МИА/Фото: moderndiplomacy.eu

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев, Анѓушев, Крешник ќе одат на самитот во Давос

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Катаклизмични сцени од САД: Во пожарите загинаа најмалку 28 луѓе

Редакција

Умираат дома: Вистинската слика за починатите од корона вирусот во Италија е многу пострашна

Редакција

Две години од почетокот на војната во Украина, нема абер да заврши

Редакција