еМагазин
Image default
Македонија

Трамп му честита на Иванов: Договорот од Преспа го отвора патот до НАТО и ЕУ

Договорот од Преспа го отвора патот на Македонија до членството во НАТО и ЕУ, му пишува американскиот претседател Доналд Трамп на својот македонски колега Ѓорѓе Иванов, по повод Денот на независноста-8 Септември.

„Македонија има многу причини годинава да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвара патот на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особно во претстојните разговори за Вашето членство во НАТО. Им посакувам се најдобро на македонските граѓани на овој посебен ден“, напиша Трамп во честитката, објавена денеска од Американската амбасада во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот директор на Агенцијата за разузнавање, Муслиу: Назначен сум од Пендаровски зад кого застана и ДУИ

Редакција

Нови 718 случаи на Ковид-19, од кои 95 се реинфекции

Редакција

Сите здравствени работници кои се вклучени во борбата со корона вирусот ќе добијат финансиска поддршка

Редакција