еМагазин
Image default
Свет

Трамп: Не очекуваат најтешки недели, ќе има многу мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД им следуваат најтешки недели во борбата против коронавирусот, предупредувајќи дека ќе има многу смртни случаи.

„Ќе има многу мртви“, рече Трамп во своето дневно обраќање пред новинарите за пандемијата на Ковид-19.

Тој сепак во неколку наврати се осврна на потребата САД повторно да се отворат за бизнис.

„Мора повторно да ја отвориме нашата земја. Не сакаме да го правиме ова со месеци, месеци и месеци. Државата не е подготвена за тоа“, рече американскиот претседател.

Тој исто така додаде дека што е можно побрзо треба да се овозможи и одржување спортски настани и да се отворат рестораните.

Здравствените експерти во Белата куќа неодамна проценија дека САД би можеле да се соочат со 100.000 до 240.000 смртни случаи од Ковид-19.

„Веројатно никогаш не сме виделе такви бројки. Можеби за време на војната, за време на Првата и Втората светска војна“, рече Трамп.

Тој додаде дека 1.000 војници ќе бидат испратени во Њујорк, вклучително и воени лекари и медицински сестри.

Трамп исто така најави дека 29 милиони дози на лекови против маларија ќе бидат ставени во националните резерви за пациентите со коронавирусот, и истакна дека медицинската и заштитната опрема им се испраќа прво на оние на кои им е најпотребна.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Редици пред продавниците за оружје во САД, се стравува од немири

(Видео) Несекојдневен настан: Руски воен авион со помош „против“ корона вирусот слета во САД

Властите во САД го следат движењето на Американците како дел од мерките за борба со коронавирусот

Фото: Foreign policy

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Силна експлозија во Бејрут, се пребрoјуваат повредените

Редакција

Во Истанбул почнаа разговорите за продолжување на Договорот за извоз на жито

Редакција

(ВИДЕО) Град на духови: Како изгледа од дрон кинескиот град Вухан кој е во карантин поради корона вирусот

Редакција