еМагазин
Image default
Свет

Трамп: САД ќе прекине да ја финансира СЗО поради пропустите за корона вирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека им наредил на членовите на администрацијата барем привремено да го запрат финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) заради начинот на кој таа раководеше со пандемијата на корона вирусот.

На прес конференција во Белата куќа, Трамп кажа дека СЗО не ја исполни својата основна должност и дека за тоа мора да одговара, пренесоа британските медиуми.

Тој ја обвини СЗО дека промовира „кинески дезинформации“ за корона вирусот, што, како што оцени, веројатно доведе до поголема епидемија на вирусот отколку што во спротивно ќе се случеше.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус претходно изјави дека се надева дека САД ќе продолжат да ја финансираат организацијата, која го предводи глобалниот одговор на пандемијата на коронавирусот, и покрај критиките од американскиот претседател.

Трамп првично ја критикуваше СЗО дека е премногу „ориентирана кон Кина“ и порача дека затоа ќе ги суспендира финансиските средства што Вашингтон ги одвојува за СЗО.

Претседстелот на САД неколку дена подоцна упати и директна критика и кон директорот на СЗО дека ја политизира кризата со корона вирусот.

МИА/Фото: Вашингтон пост

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО предупредува дека корона вирусот напаѓа се помлади луѓе

СЗО препорачува здравите луѓе да не носат маски: Корона вирусот се пренесува преку капки

СЗО предупредува: Предвременото укинување на мерките може да доведе до фатално враќање на пандемијата

САД со најголем број смртни случаи од корона вирусот, Италија падна на второто место

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Макрон под истрага, полицијата изврши претрес во седиштето

Редакција

ОН со сериозно предупредување за супербактерии, отпорни на лекови, кои можат да убијат 10 милиони луѓе годишно

Редакција

Трамп ги користел разузнавачките служби за шпионирање пратеници и нивните семејства

Редакција