еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трет случај: Негувателка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.

„Во временскиот период од 1 до 27 ноември, осомничената ангажирана за негување и чување на две деца на возраст од три години, грубо ја запоставувала својата должност за грижа и воспитување и ги малтретирала. Имено, таа постојано им викала и ги навредувала без причина, но и физички ги напаѓала со удари по главата и кубење на косата.

Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето и однесувањето кон децата, по што поднела кривична пријава.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничената би можела да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, да влијае врз сведоци чии искази се битни за утврдување на фактичката состојба или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор“, информираат од Обвинителство.

Ова е трет откриен случај во државата во кој дадилка малтретира деца во семејства кои ја ангажирале за нивно чување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сексуалното вознемирување на УКИМ присутно, студентите најчесто не знаат каде да го пријават

Редакција

Убава вест: Оздравени 603 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

Италија поддржува одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Редакција