еМагазин
Image default
Локално

Детали за напададот на сопственикот на ресторан во скопски „Беверли Хилс“

Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вчера во угостителски објект во Скопје извршиле кривично дело – насилство.

Како што информираат од Обвинителство, осомничените како гости во угостителскиот објект лоциран во трговскиот центар „Беверли Хилс“, делувајќи во состав на група, извршиле грубо насилство врз сопственикот на локалот, а кај присутните други гости и вработени предизвикале чувство на загрозување, страв и несигурност.

-Двајца од осомничените биле незадоволни од третманот и услугата и започнале вербална расправија со оштетениот, инсистирајќи во локалот да им биде пуштена одредена музика по нивна желба. Сопственикот одбил со образложение дека работното време на објектот е истечено и мора да го затвори.

По ова, осомничените му се заканиле и започнале да кршат шишиња и чаши, а откако им било наложено да го напуштат објектот, физички го нападнале сопственикот, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. Кон тепачката се приклучило и третото осомничено лице, кое дополнително влегло во објектот, па замавнувајќи со дрвена дршка од метла повеќепати го удрил оштетениот.

Од нанесените удари, сопственикот на угостителскиот објект се здобил со тешки телесни повреди – повеќе набиеници и една скршеница во пределот на главата, по што успеал да се оттргне и засолни во кујната на локалот – се наведува во соопштението од Обвинителството.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на осомничените лица им определи мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца тепале сопственик на угостителски објект во Капиштец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седумгодишно девојче се здобило со тешки повреди по пад во чешма во училишниот двор

Редакција

Товарен воз удри во Авганистанец кај станицата Криволак

Редакција

Трагедија во кочанско: Починал на место откако му се превртел тракторот

Редакција