еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ТРИ објави нова книга од Пауло Коелјо насловена „Хипи“

Издавачки центар ТРИ информира дека излезе од печат „Хипи“ – долгоочекуваната нова книга на миленикот на читателската публика Пауло Коелјо. Ова е 20. книга на Пауло Коелјо, најчитаниот и најпреведуваниот писател во светот, со над 225 милиони продадени книги, преведен на 80 јазици и објавен во 170 земји.

Во својот најавтобиографски роман досега, авторот ни раскажува за едно непознато поглавје од својот извонреден живот и го споделува со нас сонот на хипи генерацијата за послободен и помирен свет.

Коелјо нè води на едно неверојатно патување со Волшебниот автобус, од Амстердам, преку Истанбул, Кабул, Делхи до Катманду, навраќајќи се на своето духовно патување и повторно оживувајќи ги спомените на тие интензивни времиња. Со секоја своја страница „Хипи“ го внесува читателот во тие неповторливи години на радост и љубопитност.

Години во кои навистина се верувало дека револуцијата може да се направи со цвеќе и дека соништата можат да се остварат.

„Штом го прочитав романот „Хипи“, ме обзеде силен копнеж да се изгубам, но и мала завист за оние времиња кога човек можел да го прави она што го сака ‒ во извесна мера затоа што копчето „лајк“ сè уште не било измислено и затоа што немало кого да се „лајкува“. Туку едноставно да се живее“, пишува во Ела магазин, Глобо, Бразил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охридска пекара „Лихнида“ нуди леб и бели пецива бесплатно

Редакција

На 20. септември ќе се одржи уникатна барокната претстава „Dido and Aeneas“ (Дидо и Енеј)

Редакција

„Зелена машина“на Брако ја чистеше Белата куќа пред инаугурацијата на Бајден

Редакција