еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Три постреферендумски сценарија

Македонија повторно е исправена пред нови искушенија и во наредните денови ќе се знае каков ќе биде расплетот на новиот политички јазол што настана по завршувањето на референдумот на кој според последните неофицијални податоци „за“ прифаќање на Договорот со Грција и зачленување во ЕУ и НАТО гласале 605.016 лица, а „против“ 37.312 лица. Во игра се три сценарија.

1.Владата предводена од СДСМ во наредните денови ќе успее да обезбеди дво-третинско мнозинство пратеници во Собранието со кои ќе може да ги спроведе уставни измени предвидени со Договорот со Грција. Тоа би значело дека дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за ратификација на Договорот во Собранието и продолжување на процесот на промена на името и следствено на тоа зачленување во НАТО и отварање на процесот на преговори за членство во ЕУ.

2. Доколку Владата не успее да обезбеди дво-третинско мнозинство пратеници ќе следува распуштање на Собранието и брзи предвремени избори кои ќе се одржат најдоцна на крајот на ноември, што согласно вчерашните изјави на Христијан Мицкоски и Али Ахмети не е по вољата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие имаат многу помал рејтинг меѓу гласачите од посакуваниот.

3.Најцрното сценарио е изборен бојкот од страна на ВМРО-ДПМНЕ и радикализирање на состојбата што би значело нова повеќегодишна демократска криза во Македонија, но и потенцијален распад на партијата бидејќи сите останати партии во Македонија би се дистанцирале од неа и таа во иднина не би можела да формира коалициска Влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јовески: Амнестијата е политичка одлука, доколку зависеше од мене немаше да се случи

Редакција

Тетовско-гостиварската епархија поднесе жалба на решението за рушење на крстот на Попова Шапка

Редакција

Струмичанецот Стојан Витанов именуван за генерален конзул во Венеција

Редакција