еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Триесетдневен куќен притвор за актерката Силвија Стојановска

Триесетдневен куќен притвор вечерва и е определен на актерката Силвија Стојановска отако претходно таа беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Дел од медиумите јавија дека Стојановска е приведена во врска со заплена на поголема количина дрога.

Покрај неа, пред судија на претходна постапка беше изведено уште едно лице за кое по барање на Обвинителството му е определен 3-дневен притвор.

– Пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доцна попладнево беа спроведени две лица со предлог на Обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство.

По ценење на фактите и доказите, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на С.С. и определи мерка „куќен притвор“, а на В.Б. му определи мерка притвор за двајцата во траење од 30 дена, информираат од Кривичниот суд за МИА.

Против ова решение, двајцата имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

МИА/Фото: Фејсбук/Стојановска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведена позната македонска актерка Силвија Стојановска во врска со заплена на дрога

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нема смешка за „Амди за претседател“ пошто смешката сме ние“: Твитер за кандидатурата на Бајрам за претседател на државата

Редакција

Судењето за „Таргет Тврдина“ одложено за да Мијалков присуствува на јавната седница за неговиот притвор

Редакција

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол убедливо најтргувани во првите шест месеци од 2019 година

Никола Осило