еМагазин
Image default
Локално

Триесетдневен притвор за 20-годишникот од Драчево кој со нож ја уби својата баба

По предлог на јавен обвинител на 20-годишното момче од Драчево, кој со нож ја уби својата баба му е определен 30-дневен притвор.

– Надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за 20-годишното момче од Драчево, за кое постои основано сомнение дека ја лиши од живот неговата 66-годишна баба. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и опасност осомничениот да го повтори делото, соопшти ЈОРМ.

Јавниот обвинител донел наредба за спроведување истрага против осомничениот за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – убиство.

Имено, осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка, нанесувајќи и повеќе убодни рани со нож, од кои една засецна рана во пределот на вратот била смртоносна.

-Извршителот сам се пријавил во полициска станица и признал дека ја лишил од живот неговата баба. Мотивите за кривично-правниот настан се уште се утврдуваат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, а се вештачат и трагите и материјалните докази пронајдени на лице место при извршениот увид, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен скопјанецот кој си ја уби бабата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На прилепченец му фрлиле запалива материја во дворот

Редакција

Попова Шапка чека десеттина сантиметри нов снег за почеток на скијачката сезона

Редакција

Загина 23-годишно момче во сообраќајка на патот Скопје-ХЕЦ Козјак, неколкумина повредени

Редакција