еМагазин
Image default
Бизнис

Трифун Костовски и Гале Галев заминуваат од Надзорниот одбор на Еуростандард банка

Централниот Регистар постапувајќи по пријавата за промена во Надзорниот одбор на Еуростандард банка односно упис на нови членови донесе решение со кое се одобрува пријавата.

Со неа, досегашните членови на Надзорниот одбор, Трифун Костовски и Гале Галев се избришани од евиденцијата, а на нивно место се впишани Филип Ивановски, како независен член и Емил Ханџиски како член на Надзорниот одбор.

Според веб-сајтот на банката, Костовски бил член на Надзорниот одбор од нејзиното основање.

Инаку, „еМагазин“ неодамна пишуваше за обидот за продажба на Еуростандард банка на Комерцијална банка, кој заврши неуспешно откако двете страни не се договорија за цената.

Тогаш, наместо купопродажба, Комерцијална банка им даде на акционерите на Еуростандард банка кредит од 10 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ  

Комерцијална нема да ја купи Еуростандард банка, но му даде кредит од 10 милиони евра на Трифун Костовски

Колку пари ќе бара Трифун Костовски од Хари Костов за продажба на Еуростандард на Комерцијална банка?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Настел купи акции во Реплек: Поседува 5,95% од вкупниот број на акции на фармацевстката компанија

Редакција

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми на „голема врата“ влегува во „Скопски пазар“

Редакција

Проектот Мој ДДВ нема да се укине и ќе продолжи и годинава, вели Лукаревска

Редакција