еМагазин
Image default
Бизнис

Триглав Осигурување воведува осигурување на малигни заболувања

Триглав Осигурување, денес, на Светскиот ден за борба против ракот, воведува нов производ на пазарот, осигурување на малигни заболувања.

Ова покритие е дел од пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување за лекување во приватни здравствени установи, кое што вклучува специјалнистичко вонболничко и болничко лекување и осигурување на операции.

Наменето е за резидентниот сегмент, за индивидуални и за семејни корисници и обезбедува материјална заштита во најкритичните моменти во животот.

Секоја година, на глобално ниво, рак се дијагностицира кај повеќе од 14 милиони луѓе, и оваа бројка се очекува да се зголеми на повеќе од 21 милион до 2030 година. Имајќи ги во предвид овие трендови, како и разорната моќ, којашто малигните заболувања можат да ја имаат, Триглав Осигурување креираше производ, кој што на клиентите ќе им обезбеди заштита и поддршка и ќе им помогне да се борат.

Осигурувањето на малигни заболувања се издвојува како производ кој ги третира најгорливите проблеми при нарушување на здравјето на клиентите. Производот има за цел материјално да ја покрие целата постапка на лекување на дијагностицирано малигно заболување, почнувајќи од фазата на дијагностика, преку оперативни зафати, па сѐ до радио и хемотерапии.

Главен фокус е помош при заштита на здравјето на клиентите, преку градење на партнерски однос на Триглав со клиентот. Во моментот кога малигното заболување е дијагностицирано, Триглав ги презема трошоците за лекувањето и врши директни исплати кон приватната здравствена установа.

Осигурувањето на малигни заболувања на Триглав обезбедува предности, важни за секој пациент – навремена дијагностика и резултати, висок стандард на услуги, современа апаратура за дијагностика и терапија, како и поддршка во процесот на лекување, преку издавање на гаранција.

Дополнително, Триглав, во рамките на овој продукт, обезбедува покритие и за психијатриски услуги при дијагностицирање на малигно заболување, второ мислење на специјалист, пластична и реконструктивна хирургија, како и набавка на помагала, протези и перики.

„Глобалната епидемија на малигните заболувања е постојано во раст. Разни истражувања потврдуваат дека денес, луѓето најмногу се плашат токму од овие заболувања. И не само тоа, тие имаат директно, или индиректно влијание на сите нас. Затоа, мораме да работиме на подигнување на свеста, едукацијата и на превентивата, како моќни средства за борба против малигните заболувања и нивниот импакт.

Но најважно, мораме да си обезбедиме алатки, со кои ќе се бориме против ударите што животот може да ни ги донесе. А тоа е токму осигурувањето на Триглав од малигни заболувања, кое обезбедува неверојатна поддршка во овие критични и исклучително тешки моменти.

Во рамките на овој производ Триглав нуди врвна, навремена и доверлива услуга, отстранувајќи ги проблемите и стресот поврзани со финансискиот аспект на болеста, како и целиот процес на лекување. Ова осигурување нуди вистинска шанса за фер борба”, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Бугари отворија спа и фитнес клуб во Струмица

Редакција

Макстил лани работел со зголемена добивка

Редакција

(ВИДЕО) Се отвара наесен следната година: Како ќе изгледа East Gate Mall

Редакција