еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Тринаесет ново заболени од морбили, дете и возрасен во тешка состојба

Тринаесет заболени со морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои седум се примени на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство согласно податоците од Клиниката за инфективни болести.

Станува збор за четворица возрасни од Скопје и Велес, меѓу кои една 37-годишна жена е со потешка клиничка слика. Другите тројца возрасни се со непознат вакцинален статус.

Примени се и три деца меѓу кои едногодишно дете од Тетово со тешка клиничка слика, кое е на Одделот за интензивно лекување и во тек е дијагностичка обработка, 20-месечно дете од Кисела Вода, кое има пневмонија и четиримесечно дете од Куманово со пневмонија.

Сите деца се невакцинирани.

На Клиниката за инфективни болести во моментов има 21 пациент со морбили од кои седум се возрасни и 14 деца главно под една година.

На Одделот за интензивно лекување освен детето во тешка состојба има и еден возрасен пациент на 56 години, кој е ставен на апарат за механичка вентилација, а за кој во текот на денов ќе се добие потврда дали станува збор за морбили.

Амбулантски се прегледани шест пациенти кои се пуштени на домашно лекување од кои тројца се возрасни, двајца невакцинирани и еден со непознат вакцинален статус, а три се деца од кои едно е со една доза вакцина додека другите две се невакцинирани. Сите се од Скопје.

На домашно лекување ќе бидат пуштени пет пациенти, информираат од Министерството за здравство.

Од прогласувањето на епидемијата во декември, досега, се регистрирани 280 заболени, а тројца починаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трета жртва: Од морбили почина бебе од тетовско

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 17 степени

Редакција

(Галерија) Женствени, романтични и смели за најубавата ноќ

Редакција

Клиниката за детски болести доби сензори за мерење гликемија

Редакција