еМагазин
Image default
Македонија

Тројца новозаразени со Ковид-19 во Кичево, едно лице почина

Три нови лица се заразени денеска со Ковид-19 во Кичево, а едно лице ја загуби битката со болеста според податоците од Министерството за здраство.

Вкупниот број заразени во општината се искачи на 83, од кои 70 се активни. Единаесет се излекувани, а две лица се починати.

-Новозаболените се во добра општа здраствена состојба. Тројцата се лекуваат во домашни услови, се разбира во изолација и под контрола на нивните матичните лекари.

За жал денеска имаме и едно лице што ја загуби битката со вирусот во Кичево, рече докоторот Станко Трпески, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој уште еднаш апелира до граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

МИА/Фото: Општина Кичево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дебар два нови случаи на Ковид-19

Девет скопски општини со над 100 активни случаи на Ковид-19, во Чаир околу 300

Во отпадните води во Солун откриено присуство на геноми на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медицинско лице од Неготино кое работи во Скопје позитивно на Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 751 пациент кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(Фото) Рамуш Харадинај со сопругата Анита на гости во домот на Зоран и Зорица Заеви

Редакција