еМагазин
Image default
Локално

Тројца од повредените во трагедијата во Романовце во тешка состојба

Седуммина повредени во несреќата при експлиозија на плинска боца во селото Романовце, во која загинаа три лица, денеска се донесени на Клиниките во Скопје. Тројца од нив се во животозагрозувачка состојба информираат од Клиничкиот центар и Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје.

Во Ургентниот центар во Скопје се префрлени четворица пациенти, од кои двајца се во критична состојба и се префрлени на КАРИЛ со изгореници на поголема површина по телото, додека другите двајца се во тешка, но стабилна состојба на Пластична хирургија.

„Денеска околу 11:20 во УХЦ, беа донесени четворица пациенти од 30 до 54 – годишна возраст, повредени како последица од експлозија на плинска боца. Кај пациентите преовладуваа повреди од изгореници на телото и тоа од 3 и 4 степен, двајца од повредените се хоспитализирани на единицата за интензивно лекување и се во критична животозагрозувачка состојба и двајца пациенти се хоспитализирани на Клиниката за пластична хирургија“, информира директорот на Ургентниот центар д-р Илир Хасани.

На Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје, како што информира директорот, доктор Љубен Арсенков се донесени тројца повредени во несреќата, од кои една жена е во животозагрозувачка состојба и со изгореници од трет степен.

Во болницата се префрлени и една помлада бремена жена и дете на возраст од околу десет години, кои се со помал степен на изгореници и не се во критична состојба.

Експлозијата настанала во 10 часот во куќата на Ш.А во село Романовце, соопшти СВР Куманово. Од експлозијата на плинската боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место.

Од противпожарната единица потврдија дека интеренирале за гаснење на пожар во куќа во Романовце. Кај нив пожарот бил пријавен во 10:10 часот, по што пожарникарите го гаснеле до 11.10 часот.

МИА

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

Трагедија: Три лица починаа, шест се повредени по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец физички нападнал полицајци

Редакција

Стружанец запалил трска: Пожарот направил пепел од имотот на соседите

Редакција

Млад кумановец претепал две лица

Редакција