еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Тројца пациенти во ГОБ „8 Септември“ се во критична состојба

Министерство за здравство информира дека во моментов, во Градската општа болница „8-ми Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти.

Тројца од нив се наоѓаат во критична состојба, додека пак останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа која се случи во близина на селото Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.

Еден пациент во текот на вчерашниот ден е пуштен на домашно лекување.

„Во Клиничкиот центар во Скопје хоспитализирани се 6 пациенти, од кои 3 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца од нив се во стабилна состојба. Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Во моментов се изведува операција на пациентка од неврохирургија.

Пациентката која се наоѓа во тетовската болница е во стабилна и добра здравствена состојба“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Царината заплени часовник вреден 35 илјади евра

Редакција

Десетиот ден од првите симптоми на Ковид-19 е крстопат, подобрување кај тие што ќе оздрават, но и влошување кај тие што нема, вели проф. Трајковски

Редакција

Патнички воз излета од пруга кај Лакавица, нема повредени

Редакција