еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца починати и 65 нови случаи на Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 695 тестови и регистрирани се 65 случаи на Ковид-19, од кои 14 се реинфекции.

Од новорегистрираните случаи, 47 се од Скопје, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1.

Регистрирани сe 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77г), истото е починато во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (86г) и Битола (65г), починати во период од 15 до 28 септември. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, а на починати е 9.542.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Скопјани масовно се одзваа: Видеа и фотографии од седење дома се наградуваат со 100 евра

Редакција

За помалку од 24 часа приведени четворица криминалци барани со потерници за 41 година затвор

Редакција

(ФОТО) Пендаровски со сопругата, вработените во кабинетот и волонтери подготвуваа посно јадење во пресрет на Велигден

Редакција