еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца штипски здравствени работници позитивни на корона вирусот

Во Штип се регистрирани нови шест случаи позитивни на Ковид-19, од кои тројца се здравствени работници од штипската Клиничка болница, информираше Кризниот штаб на Општина Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврди дека резултатите се позитивни за болничар, медицинска сестра и еден лекар специјалист, кој не е од Инфективното одделение.

Во Штип по случајот со 80 годишната жена, која во вторникот ја загуби битката со корона вирусот, а беше примена со негативен тест и дијагноза бронхо-пневмонија позитивни на коронавирусот се вкупно четворица здравствен работници.

Негативни се тестовите за пет медицински лица од Инфективното одделение, а за остантите шест се чекаат резултатите да пристигнат во текот на утрешниот ден.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драстичен раст: 95 здравствени работници заболени од коронавирусот во Македонија

Вкупно 760 заразени со корона вирусот: Регистрирани 49 нови случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се пренесува ли коронавирусот по сексуален пат?

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 912 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Објавен конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година

Редакција