еМагазин
Image default
Македонија

Тројцата пратеници на Беса на Африм Гаши порачаа дека ќе гласаат за уставните измени

Тројцата пратеници од Беса кои припаѓаат на делот што за претседател го признава Африм Гаши, а не Биљал Касами, ќе гласаат за уставните измени.

Како што соопшти Гаши, тие се цврсто решени за евроинтеграциите и ќе ги поддржат измените на Уставот заради исполнување на обврските од Преспанскиот договор. Тоа е од висок интерес за Албанците, нагласи тој.

„Беса со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата.

Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето Беса му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ПРОТИВ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат“, порача Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеници и членови на Беса на Фејсбук: Барањата се на Биљал Касами, а не на Беса

Кои се двајцата „тврдокорни“ пратеници на Беса на Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Со кинеската „Синофарм“ се вакцинираше и кумановскиот градоначалник Димитриевски

Редакција

Македонија ќе и донира на Украина ветровки, џемпери и ќебиња

Редакција

Груевски во случајот за парцелите на Водно веќе има дадено исказ, тврди Русковска

Редакција