еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Трошоците на живот лани зголемени за 1,5, а цените на мало за 2,7%

Индексот на трошоците на животот во 2018 година има пораст од 1,5 отсто, а индексот на цените на мало пораст од 2,7  отсто во споредба со 2017 година.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99,8, а индексот на цените на мало 99,5.

Пораст на индексите на трошоците на животот во 2018 година е забележан во групите: Транспорт за 7,5 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,5, Рекреација и култура за 2,4, Ресторани и хотели за 1,9, Храна и безалкохолни пијалаци, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0,8, Здравје и Комуникации за 0,7, а Останати стоки и услуги за 0,5 отсто.

Намалување на индексите е забележано во групите: Облека и обувки за 0,4 отсто и Образование за 0,1 отсто, додека групата Домување, вода, електрика, гас и други горива е на ниво од претходната година.

Пораст на  индексот на цените на мало, пак, во 2018 година е забележан во групите: Услуги за 3,7 отсто, Земјоделски производи за 3,6, Непрехранбени индустриски производи и тутун за 2,5, и Индустриско-прехранбени производи за 0,8 отсто. Групата Пијалаци е на ниво од претходната година.

Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, вo споредба со декември 2017 година, забележа пораст од 0,9 отсто, а индексот на цените на мало забележа пораст од еден отсто. Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, пак, забележа намалување од 0,2 отсто.

Според Државниот завод за статистика, намалувањето на индексите на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 3,3 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,9, млекото за 0,8, трбушките за 0,7, другите прехранбени производи за 0,6, јајцата за 0,5, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, и кај маслото и маснотиите за 0,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Субвенционирање на плати за уште 438 невработени лица

Редакција

На четиричлено семејство во Македонија му требаат најмалку 57.467 денари да го помине месецот

Редакција

Поразително: Две третини од граѓаните можат само да сонуваат годишен одмор

Редакција