еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Трпчески за еМагазин: Македонија ја славиме како што треба да биде свесна дека заслужува, си ги знаеме корените и само треба да ги почитуваме и промовираме

Разговорот со светски познатиот, а наш пијанист Симон Трпчески го направивме по завршување на концертот Македонисимо во струшкото село Збажди, каде што се случи македонската претпремиера на овој проект на Трпчески со пријателите.

Редица од луѓе чекаа да се фотографираат со него, да го поздрават, и да му упатат честитки што и во нивното село, се случи музички настан од светски калибар.

Иако уморен, возбуден, со мешавина од емоции Трпчески прифати да одговори на неколку прашања на еМагазин.

На концертот кажавте многу информации, споделивте доживувања, чувства во врска со проектот Македонисимо, кој по пет години промоција низ светот се враќа дома. Какво е чувството вечерва во Збажди?

-Тешко е ова да се опише со зборови, бидејќи се работи за прво изведување на Македонисмо дома. Јас сум посебно емотивно врзан за ова место, регион кој што е многу важен за историјата на Македонија за Народно ослободителната војна, за уметноста, ги споменав Војдан Чернодрински, Арсениј Јовков. Регион на кој јас се гордеам.

Но, мислам дека огромна беше храброста со која што влегов, за да дојдеме до една ваква недопрена природа, и со сите нишани да го направиме концертот. Меѓутоа храбрите луѓе победуваат.

Целата оваа екипа која е зад мене, почнувајќи од моите драги колеги кои се собраа од три страни на Европа, до сите организатори, мислам дека придонесоа вечерва да се случи историја, а истовремено, македонскиот музички огномет со Македонисимо да почне овде и да продолжи наскоро низ Македонија

Дали исполнивте нечија желба, со овој концерт?

– Својата, на татко ми, на мојата најблиска фамилија која верувала секогаш во мене и е заслужна за ова што се случува.

Каде Македонисимо ќе патува следниот период?

– Го затвораме фестивалот Сион во Швајцарија на 4 септември, во Цирих сме на 11 септември и потоа работиме на концерти во Македонија. За следната година разговараме за европски земји и за други континенти.

Само што завршивме со Кореа и Канада и продолжуваме на славењето на Македонија онака како што Македонија треба да е свесна дека го заслужува, да го правите тоа на најдобар можен начин без никакви извитоперени и разнебидувачки, насилно направени нешта, кои не се во нашиот код.

Ние треба да се почитуваме меѓу себе, бидејќи си знаме од каде сме и од каде ни се корените, и тука нема ништо чудно. Тоа треба да го почитуваме и промовираме.

Иако уморен, но блескате од среќа. Дали ова е еден од најубавите концерти кои сте ги направиле и кога сте бил најсреќен?

– Убаво е тоа забележано. Јас не сум многу свесен, но ќе ми треба малку време да го изанализирам чисто емотивно, бидејќи знам колку работев на истото.

Но, во секој случај без дилема една од најубавите вечери во мојот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Симон Трпчески и пријателите со историска изведба во струшкото село Збажди: Македонисимо си дојде дома, по пет години промоција низ светот

Фото: Трпчески/Фејсбук/емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Гените виновни за потешките облици на Ковид-19

Редакција

Вчера имало 33 пожари, активни седум од вчерашните и четири нови од утрово

Редакција

Макрон по блокадата: Иднината на Македонија и Западен Балкан не мора да биде во ЕУ

Редакција