еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Трифун Костовски го продаде „Еуролинк осигурување“ за 17,4 милиони евра

Во блок-трансакција вредна 17,4 милиони евра денеска на Македонската берза се продадоа 3.200 акции од „Еуролинк осигурување“ АД Скопје.

Акциите се продадоа по цена од 336.109 денари по акција.

„еМагазин“ неодамна објави дека Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седницата оддржана на 27 февруари, постапувајќи по барањето на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во акционерско друштвото за осигурување „Еуролинк“ Скопје, донесе Решение за издавање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување.

„Според оваа Решение, кое влегува во сила во денот на донесување, на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG и се дава согласност да стекне акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување „Еуролинк“ Скопје.

Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на ова решение и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 5 (пет) работни дена од денот на стекнувањето на акциите“, информираа тогаш од агенцијата.

Акционерското друштво „Еуролинк“ е формирано во 2002 година како странска директна инвестиција со основачки капитал од 3,2 милиони евра.

Трифун Костовски, воден од желбата да придонесе за економскиот развој на Република Македонија, преку својот инвестициски фонд GOFI – Group of Finance and Investment SA, од Швајцарија, заедно со уште три странски друштва од Италија и од Швајцарија, го основаат „Еуролинк осигурување“. Од 2009 година, со преземање на акциите од другите основачи, GOFI –Group of Finance & Investment SA станува единствен акционер на друштвото“, пишува на сајтот на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се повлекува ли полека Трифун Костовски од неговата финансиска империја?

Трифун Костовски и Гале Галев заминуваат од Надзорниот одбор на Еуростандард банка

Комерцијална нема да ја купи Еуростандард банка, но му даде кредит од 10 милиони евра на Трифун Костовски

Фото: Еуролинк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство оформи предмет: Претреси во повеќе градови поради финансиски криминал

Редакција

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците вработува 17 службеници

Редакција

МНР ќе ја прекине кампањата за претседавањето со ОБСЕ

Редакција