еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка ќе исплати дивиденда спротивно на препораките од Народната банка

ТТК Банка АД Скопје преку Македонската берза ги известува своите акционери дека Собранието на акционери се одложува, но и дека банката останува на одлуката за исплата на дивиденда и покрај тоа што Народна банка порадеи новонастаната сосотјба со корона вирусот препорача банките да се воздржат од исплата на дивиденда.

Соопштението на ТТК Банка Ви го пренесуваме во целост:

„Врз основа на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на РСМ („Сл. весник на РСМ“ бр. 79 од 26.3.2020 година), одржувањето на Собранието на акционери на банката закажано за ден 31.3.2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба.

По завршување на вонредната состојба, ТТК Банка АД Скопје ќе објави нов датум на одржување, односно продолжување на закажаното Годишно собрание на акционери.

До донесувањето на Уредбата на Владата на РСМ, во сoгласност со препораките на Комисијата за хартии од вредност на РСМ за учество и гласање на Собранието по пат на кореспонденција, заклучно со 27.3.2020 година, 67,6 % од акционерите на Банката веќе гласаа за предложените Одлуки.

Врз основа на овој висок процент на акционери кои се изјаснија за предложените одлуки на закажаното акционерско собрание на Банката, Управниот одбор и Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје сметаат дека Банката треба да остане на Одлуката за распоредување на добивката од 2019 година што е веќе предложена на Собранието на акционери.

Поткрeпа на ваквиот деловен став на надлежните органи на Банката е и досегашното успешно реализирање на сите зацртани стратешки развојни и деловни активности на Банката во изминатиот период коешто резултира со одржување долгорочна стабилност и подготвеност за апсорпција на ризиците.

Дополнително, кон крајот на третиот квартал од 2019 година и почетокот на првиот квартал од 2020 година, ТТК Банка АД Скопје издаде две долгорочни корпоративни обврзници во износ од по 1,5 милиони евра или вкупно 3 милиони евра, се со цел прудентно управување со капиталната позиција на Банката.

Во исто време, ТТК Банка АД Скопје постојано издвојува и дел од добивката во резерви. Сето ова влијае на зголемувањето на сопствениот капитал на Банката и во согласност со предложената Одлука,  капиталот на Банката ќе достигне износ од 1.173.000.000 денари или 19 милиони евра.

Ова за ТТК Банка АД Скопје претставува солидна капитална основа и гаранција за успешно соочување со очекуваните евентуални негативни движења и последици врз стопанството коишто ќе ги предизвика кризата на светската пандемија со вирусот Covid-19.

ТТК Банка АД Скопје е речиси целосно во сопственост на домашни акционери. Со состојба на 29.2.2020 година, 99,3 % се домашни акционери и само 0,7 % се странски акционери.

Речиси целиот износ на предвидената дивиденда ќе биде исплатен на домашни правни и физички лица. Според сегашната состојба на акционерската книга, дивидендата ќе им биде исплатена на 1.813 домашни физички лица во нето износ од 33,8 милиони денари, на 131 домашни правни лица во износ од 61,6 милиони денари и ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 3,8 милиони денари.

Во согласност со ова, ќе се подобри ликвидноста на сите овие субјекти, вклучувајќи го и Буџетот на државата.

Реализацијата на Одлуките предложени за седницата на Собранието на Банката за кои како што кажавме веќе се изјаснија 67,6 % од акционерите на Банката по пат на коресподенција и исплатата на дивидендата очекуваме да се случат по завршувањето на вонредната состојба во РСМ и по продолжувањето на Собранието на акционерите на Банката или кога за тоа ќе се создадат законски услови со Уредбата за примена на Законот за трговските друштва“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Банките да не делат дивиденда, добивката за зголемување на капиталот

Убава вест за акционерите: ТТК Банка ќе дели бруто-дивиденда од 110 денари по акција

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда спротивно на препораките на Народната банка

НЛБ Банка се одзва на повикот на Народна банка: Нема да се дели дивиденда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за транспорт и врски на 73. место меѓу 1.011 државни должници: Неплатен долг од 47 милиони денари

Редакција

„Еко клуб“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за средување на појасите покрај автопатиштата вреден 1,1 милион евра

Редакција

Одлучи во корист на штедачите на Еуростандард банка: Уставен суд го укина членот 163 од Законот за банки

Редакција