еМагазин
Image default
Балкан

Турција од понеделник ги враќа џихадистите од Исламска држава во Европа

Турција од 11 номеври (понеделник) ќе почне со враќање на заробените членови на Исламската држава кои се во турските затвори во нивните матични земји, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесе Ројтерс.

Тој не соопшти за кои земји станува збор. Турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган неодамна соопшти дека повеќе од 1.150 припадници на Исламската држава се наоѓаат моментално во турските затвори.

Инаку, Турција редовно ги повикува европските земји да ги преземат своите државјани кои се бореле во редовите на Исламската држава, но тие најчесто го одбиваат преземањето поради безбедносни причини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Грчката полиција повлекува нотеси и агенди со знакот на грчката полиција и мапа на кои пишува Македонија и Северен Кипар 

Редакција

Дваесет илјади Македонци станале словенечки граѓани, а уште толку работат во Словенија

Редакција

(Видео) Борисов го поистовети Гоце Делчев со Че Гевара: Наместо да не обединуваат, овие херои не разделуваат

Редакција