еМагазин
Image default
Балкан

Турски фудбалер си го уби петгодишниот син: Го задушив со перница

Турскиот фудбалер Сехер Токташ (33) призна дека го убил својот петгодишен син, кој го задушил со перница.

Турските медиуми пренесуваат дека тој на 23. април со неговиот син биле ставени во карантин, откако лекарите констатирале дека момчето е заболено од коронавирусот.

Неколку часа подоцна, момчето било префрлено на интензивна нега поради проблеми со дишењето, по што починало, а како причина за смртта било посочено заболувањето со коронавирусот.

Но, 11 дена подоцна, Токташ во локалната полициска станица во Бурса признал дека го убил својот син.

„Ставив перница на лицето на мојот син кој лежеше на грб. Држев 15 минути, а мојот син се мачеше да земе воздух, се бореше за животот.

Кога престана да мрда, ја подигнав перницата и почнав да викам по лекарите да ми помогнат за да отфрлам било каков сомнеж“, раскажал во полицијата Токташ, кој игра за нисколигашот Бурса Јилдирим.

Прашан за мотивите за убиството, тој изјавил: „Никогаш не го сакав мојот најмал син, уште од неговото раѓање. Немам псхички проблеми, немам никакви проблеми, едноставно никогаш не го сакав“.

Токташ е уапсен и му се заканува доживотна затворска казна. Властите наредиле и телото на момчето да биде ексхумирано и да биде извршена аутопсија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „Кошничката за домаќинствата“ Грците заштедуваат 66 евра месечно

Редакција

Каракачанов го повика Груевски на дуел и објави фотографија од Гоце Делчев во бугарска униформа

Редакција

(ВИДЕО) Сплит со едно од најемотивните испраќања на Балашевиќ

Редакција