еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Твитер реакции за прогресивното оданочување: „Ако Ви дојде до 25 милиони евра, што не заплените некој имот на Мијалков?„

Владата воведува прогресивен данок, а како праг на одданочување ќе се зема приходот од 90 илјади денари за што ќе се плаќа дополнителен данок од осум проценти.

Информацијата ја соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски, кој образложувајќи ги даночните реформи појасни дека за мнозинството граѓани данокот на доход ќе остане ист, додека околу еден процент од населението кое зема поголеми приходи од 90 илјади денари ќе плаќа данок на доход од дополнителни осум проценти.

Најавата предизвика лавина од различни реакции на социјалните мрежи. Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:

Ракун
@humoroidm

„Некој шо зима 100.000 месечно, ќе треба да плаќа 800 денари плус данок. Катастрофа у пичку матер„.

Rubin Jovanoski@rubinbt

“И не се работи за тоа дали е 1% или 10% за 5к или 100к денари. Се работи за начинот на размислување дека секогаш кога ќе “фалат пари” никој од власта не размислува да намалат трошоци и да работат по ефикасно, туку да земат повеќе од народот преку даноци и акцизи“.

Џагдиша@dzagdisha

„Која шизофренија човече. За плата од 1.500 евра државата преку регуларниот дел ти зема 10 проценти, што значи ти остануваат 900 евра. Со новиот прогресивен данок од 900 евра кога ќе се одземат 18 посто ти остануваат само 396 евра. Врти сучи работиш за минимална плата. Кое дно„.

Курвин Водењак@jovanowsky

„Ако сака државава (без разлика кој е на власт!) да го среди пензискиот фонд, нека започне со обнова на трудовиот инспекторат и нека се пушти на терен. Преку 70% од угостителскиот сектор работи на црно, а мал дел на пола работно време. Илјадници вработени, милиони денари затаени„.

31@partizangunner

„Во РМ 1% од населението со највисоки доходи заработува дури 14.4% од вкупниот доход на државата. И овој процент е највисок во Европа. Според ова прогресивниот данок е логичен чекор за намалување на социјалната разлика„.

Dimko@ddimkooooo

„Господо од @VladaMK зошто јас да плаќам повеќе? Ако толку ви дојде до мочани 25 милиони евра што не запленивте некој имот на Мијалков? Поголема утка од овој Тевдовски не можеше и нема да има!„

малиот кнез мишкин@jakovfendu5h

„Ајде почна да им смета прогресивниот данок на над 90.000 денари. Утре ќе пишат тажаленка за социјалните случаи, за дупки во патиштата, мувла во болница или топла вода во студентски дом. И така горе-долу изгледа свеста во Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даночниот експерт Павле Гацов: Од прогресивниот данок најголема добивка ќе има државата

Се воведува прогресивен данок: Прагот на одданочување приход од 90 илјади денари

ВМРО ДПМНЕ: Зголемувањето на даноците ќе придонесе за даночна евазија и пораст на сивата економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за велешанецот кој со возило усмрти девојче на пешачки премин во Велес

Редакција

Оставката е лична работа на Мерко, Собранието не ги оценува ставовите на дипломатските претставништва, вели Џафери

Редакција

Еден загинат и петмина повредени во сообраќајка кај Свети Еразмо

Редакција