еМагазин
Image default
Македонија

Тврдокорните се враќаат со организирање на движење на граѓански отпор

Тврдокорни известуваат дека со желба за да дадат придонес во одбраната на македонските национални права, започнуваат со организирање на движење на граѓански отпор под називот „Движење за враќање на Македонија на Македонците“.

„Уште на почетокот од оваа година (МОС, Тврдокорни, Преродба, СМК) најавивме самостојно организациското обликување на движење за граѓанска непослушност. Граѓанско движењето против колонијалната потчинетост и враќање на македонската сувереност. Поедноставно кажано – враќање на Македонија на Македонците.

Следни задачи од наредните стадиуми се: разобличување – уште пошироко и уште појасно истакнување на прикриените злонамерности кај домашните и надворешните глобалтоталитаристи.

Секој народ што ќе се избори за здрави политички услови, во тие услови е способен за стопански и културен напредок. Ние имаме еден живот и срамота е ако си дозволиме целиот наш живот да ни помине занимавајќи се како да излеземе на крај со каприците на политичарите како Бранко, Љубчо, Грујо, Заев и други прости егоманијаци пробиени на одговорни функции кои ги користат и наивноста на граѓаните и слабостите на недоработениот правно-политички систем“, се вели во соопштението на Тврдокорни.

Од таму велат дека во меѓувреме веќе постојат повеќе повици со слични цели за здружено организирано родољубно делување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Скопје протестен марш против војната во Украина

Редакција

Детален преглед: Активни пожари во Малешевијата, Штипско, Скопско, Прилепско, Велешко, Тетовско и Куманиовско

Редакција

Ковачевски утре на состанок кај Петков во Софија, со лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа

Редакција