еМагазин
Image default
Бизнис

Њујорк тајмс: Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија

Светот има новоименувана земја, Северна Македонија, што е добра вест за регионалните односи и за туристите кои во голем број доаѓаат да го посетат југоисточниот дел на Европа, се наведува во репортажата на Њујорк тајмс со наслов „Бидете меѓу првите кои ќе ја посетата Северна Македонија“.

Во февруари годинава поранешната југословенска Република Македонија официјално стана Република Северна Македонија, откако беше решен долгогодишниотспор за името со Грција.

За патниците, пишува весникот, крајот на спорот значи дека ќе добијат печати во нивните пасоши со новото име и нова причина да ја откријат оваа млада земја со древни корени, која се граничи со Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија.

Земјата, којашто е исполнета со култури од древниот свет, традиционална кујна, недостапни села и со езера кои се едни од најстарите и најдлабоките во Европа, ги спојува традициите на древните империи, грчката, македонската, римската, византиската, отоманската, каде Западот и Ориентот се среќаваат.

– Сметам дека договорот ќе урне нашите филозофски граници. Го отстранува зборот „поранешна“ од нашето име, со што ние веќе не сме дефинирани со нешто од минатото. Сега сме ослободени да бидеме присутни со многу појасна и позитивна визија за нашата иднина, изјави за весникот Александар Донев, поранешен директор на Агенцијата за промоција на туризам.

Нашите културни искуства низ вековите, меѓу кои, храната, виното и традициите, посочува Донев, никогаш не биле оспорувани.

Њујорк тајмс, меѓу останатото, ја пренесува оценката на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој вели дека земјава веќе почнува полека да добива добар публицитет и оти тоа придонесува да се зголеми економскиот потенцијал на земјата.

– Несомнено, позитивниот нагорен тренд доаѓа во вистинско време за нацијата, токму пред туристичката сезона, која почнува во доцна пролет и трае до есен. Тајмингот е исто така поволен и за патниците кои сакаат да го откријат Балканот, кој се смета за една од највозбудливите дестинаци на континентот која нуди и култура, но и авантура, пишува Њујрок тајмс.

Целиот текст ОВДЕ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австријци го „запоседнаа“ Надзорниот одбор на Охридска банка во пресрет на продажбата на Шпаркасе

Редакција

Еуросупер БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Редакција

Македонска банкарска асоцијација препорачува да се внимава кога се читаат информации поврзани со работењето на банките

Редакција