еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП: Апликацијата „Мој ДДВ“ е безбедна за преземање

Во врска со одредени реакции поврзани со наводно нарушување на безбедноста на личните податоци при инсталирање на апликацијата „Мој ДДВ“, Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека апликацијата е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 проценти од платениот ДДВ.

„Управата уверува дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-маил адреса и број на трансакциска сметка се сигурни и заштитени од било каква злоупотреба. Имено, апликацијата „Мој ДДВ“ граѓаните ја преземаат од „Гугл плеј стор“, кој што е сервис на мултинационалната компанија „Гугл“, која што има строги критериуми од безбедносен аспект како за самата компанија, така и за корисниците на сервисот.

При симнување на апликацијата не се бараат никакви податоци. Единствено се бара дозвола за користење на камерата“, се вели во соопштението.

Од таму потсетуваат дека при употреба на апликацијата граѓаните е потребно да се најават на системот на УЈП при што се користи постојното корисничко име и лозинка.

„Се користи безбеден криптиран пренос на податоците од корисничкото име и лозинката меѓу телефонот и системот на УЈП. Во системот за поврат на ДДВ не се чуваат лични податоци освен трансакциската сметка која е поврзана кон кориснички број и не може да се идентификува на кое лице припаѓа“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апликацијата „Мој ДДВ“е достапна на веб-страницата, на „адроид“, но за сега не и за Ајфон

„Дојди, сама сум, ќе скенираме фискални“: Твитер реакции за повратот на ДДВ

Сите детали: Како и на кој начин ќе можете да ги скенирате фискалните сметки за враќање на ДДВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

Редакција

Отворен повик за 15-то издание на проектот Лидер: Врвна програма за развој на бизнис и претприемништво во Македонија

Редакција

Угостителските објекти ќе работат до 22, а не до 20 часот

Редакција