еМагазин
Image default
Бизнис

Од 1. април УЈП ќе ни ги достави годишните пријави, ќе треба да ги потврдиме или корегираме

Управата за јавни приходи од почетокот на наредниот месец ќе почне да ги доставува на граѓаните претпополнетите годишни даночни пријави за остварени приходи во текот на 2018 година. Пријавата граѓаните ќе ја добијат електронски и ќе треба да ја потврдат или коригираат.

„Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава. До минатата година граѓаните за остварени приходи во претходната година ја доставуваа годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи, а со реформата што беше спроведена во текот на минатата година, граѓаните електронски ќе ја добиваат годишната даночна пријава.

Годишните даночни пријави Управата за јавни приходи треба да ги достави најдоцна до 30 април, а граѓаните да ја коригираат или да ја потврдат имаат рок до 31 мај годинава.

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија“, се вели во соопштението на УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кристијан Стаменов нов в.д. директор на ЈУ “Зоолошка градина“ – Скопје

Редакција

Колку акции во Хотели Метропол поседува Драган Наков?

Редакција

„ТАВ Македонија“: Од денеска почнува летниот распоред на летање

Редакција