еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП од денеска ќе ги “чешла“ 1ТВ, БМЈ груп, Меѓународниот сојуз на Боки 13 и други лица и фирми поврзани со “Рекет“

Управата за јавни приходи (УЈП) од денеска почнува со контролите во фирмите на Бојан Јовановски и кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет“. Контролите завчера ги најви директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

-Ќе постапиме во делот кој се однесува на даноците. Ќе ги контролираме Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници за кои преку анализите сме утврдиле дека постоеле одредени деловни односи и соработка. Ќе направиме и контрола на сите засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за кои ќе ги утврдиме и исплатите кои се правени, рече Лукаревска на завчерашната прес-конференција.

Таа прецизира дека физичките лица ќе бидат контролирани по основ на остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок, а останатите даночни обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок,…

-Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот, кажа Лукаревска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плусинфо: Боки 13 ги пуштил во оптек парите што ги зел во „Рекет“ како легално стекнати

По исказите на Кичеец и Јанева: Ќе ја отвори ли Боки 13 Пандорината кутија?

Германскииот „Стандард“ објави сторија за сапуницата „Рекет“: Живописниот Боки 13 ги тресе Македонците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марјан Митовски на местото на Златко Перински во ЈП Водовод и канализација Скопје

Редакција

Собранието склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 767,4 илјади евра

Редакција

Продаден блок акции од „Скопски пазар“ за 168.000 евра

Редакција