еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП: Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува до 30 април

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека рокот за поднесување ДДВ-04 е продолжен за пет дена, односно оти крајниот рок е 30 април.

„Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата на Република Северна Македонија предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување обрасци и плаќање даночни обврски.

Согласно ова, крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5 дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година“, велат од УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалува наградниот фонд за „Мој ДДВ, МојаНаграда“, средствата ќе одат во Фондот за справување со корона вирусот

Донациите во солидарниот фонд Ковид-19 се ослободуваат од ДДВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре од 17 часот летовите се нормализираат: ТАВ ја завршува рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје

Редакција

Детали за понудите: Новиот мобилен оператор Телекабел со префикс 074 стартува од денеска

Редакција

Македонски Телеком со поголеми приходи од А1 Македонија од мобилни комуникациски услуги

Редакција