еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

УЈП: Скопјанка за една година остварила бруто приход од 17 милиони евра

Најбогатиот граѓанин во државата е жителка на Скопје која, во 2018 година ја има остварено и највисоката капитална добивка во последните 10 години. Бруто приходите што ги пријавила се 1.056.992.055 денари (околу 17 милиони евра).

Втор на листата со остварен годишен бруто приход од 453.517.731 денар е, исто така, жител од Скопје. Во првите 10 со пријавени највисоки бруто приходи во 2018 годна се и жител од Гевгелија, Струмица и Тетово.

Ова се податоци што денеска на прес-конференција ги соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Според претставените податоци, највисоката годишна бруто плата е исплатена во секторот здравство во износ од 183.806.532 денари, а на листата на највисоки рангирани бруто плати и се платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутунски производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти.

Граѓанин од Скоје има остварено највисоко лично примање по друг основ во износ од 119.268.921 денари. Во 2018 година остварен највисокиот износ на капитална добивка во поседните 10 години од страна на граѓанин во Скопје во износ од 841.164 илјади денари.

По основ на дивиденди и други приходи од учество во добивката, скопјанец пријавил заработка од 407.262.693 денари. Кај самостојните вршители на дејност доминираат оние од Скопје со приход од кои највисокиот износ е 46.024.172 денари.

Во дестте топ рангирани се и адвокати, нотари, извршители и угостители.

Од сопствени земјоделски производи највисок износ има во јужниот регион, каде граѓанин од Гевгелија остварил приходи од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 25.319.395 денари и жител од Валандово кој остварил приход 19.744.161 денари.

Тетовец пријавил највисок бруто приход од имот и имотни права во износ од 84.039.667 денари, додека скопјанец пријавил највисок годишен бруто приход од 22.612.966 денари од авторски права по основ на индустриска сопственост.

Од игри на среќа во Скопје е пријавен вкупен бруто приход од 53.611.197 денари.

По основ на пензија, пензионер од Скопје има највисок бруто приход по овој основ во износ од 5.738.783 денари, а од пензиски надоместок за доброволно пензиско осигурување е пријавен приход во Скопје во износ од 2.798.737 денари.

Најстариот жител кој остварил приход од над еден милион денари во 2018 година имал 99 години, а над 10 милиони денари 93 години.

На листата со приходи оставрени над еден милион денари по основ на дивиденда е и лице родено во 2018 година, а во групата над 10 милиони денари најмладото лице има 21 година.

Управата за јавни приходи, како што информира Лукаревска, во текот на минатата година има доставено пополнети годишни даночни пријави до 795.953 граѓани, кои имале вкупни бруто приходи од 309.058.476.787 денари со 18.460.162.575 денари персонален данок.

Автоматски се потврдени 480.085 даночни пријави, кај 139.961 годишна пријава се потврдени од страна на граѓаните, додека корекции се направени само кај 6.454 годишни даночни пријави.

Од минатата година Управата за јавни приходи доставува до граѓаните претпополнета годишан даночна пријава, која гаѓаните треба да ја потврдат или доколку има потреба да ја коригираат.

Лукаревска оцени дека минатата година, која беше прва година во која граѓаните не поднесуваа сами годишни даночни пријави, процесот успешно се спровел.

Најави дека и оваа година ќе ги повикаат граѓаните да ги проверат корисничките профили, кои ги има над 700 илјади, да ги проверат доставените годишни даночни пријави и да ги потврдат или коригираат во законски утврдениот рок до 31 мај. Управата за јавни приходи годишните даночни пријави има законска обврска да ги достави во период од 1 до 30 април.

Од 1 јануари минатата година се воведе новата процедура за пријавуање и пресметување персонален данок на доход со поднесување на електронска пресметка за приход и данок до УЈП преку системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го усвои и вториот нацрт-амандман на Уставот што се однесува на АСНОМ

Редакција

Убава вест: Оздравени 737 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Банките ги намалија каматите на кредитите за населението и компаниите

Редакција