еМагазин
Image default
Локално

Уапсен „џепарош“ во Скопје: Оперирал по градски автобуси и на Зелено пазарче

Одделенијата за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров во текот на изминатите денови расчистија четири кражби извршени од Б.Ј.(43) од Скопје, информира МВР.

Делата се извршени на 31.01. и 01.02. оваа година. Првата кражба била извршена во автобус на ЈСП број 22 кога од оштетената бил одземен паричник во кој имало 7.000 денари и разни документи.

Второто дело е извршено во месара на Зелено пазарче кога од оштетениот бил одземен паричник во кој имало околу 40.000 денари.

Третиот случај бил при качување во приватен автобус број 22 кога од оштетениот бил одземен мобилен телефон и последниот случај е, исто така, при качување во автобус број 7, при што бил одземен паричник со разни документи, банкарски картици и друго.

По целосно документирање на настаните, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворена сендвичарницата во Виница каде што стотина лица добија труење од храна

Редакција

Викендаши го преплавија Дојран: Не се почитуваат мерките на општинскиот кризен штаб

Редакција

Крадец фатен на дело во Гостивар

Редакција