еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уапсени 18 лица кои не го почитувале полицискиот час, опомени за 74 граѓани

Ограничувањето на движењето на граѓаните од 21 до 6 часот, за време на изминатата ноќ, генерално се почитуваше на целата територија на државава. Лишени се од слобода 18 лица кои не ги почитувале мерките, информираше денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за првата помината ноќ со полициски час.

„Полициските службеници лишиле од слобода 18 лица од кои пет на подрачјето на Тетово, две во Гостивар, кои и по опомената на полицајците на постапиле по укажувањето, туку агресивно се однесувале кон полицајците.

Во Куманово лишени од слобода се две лица, а кај нив е најдено и оржје. Во Радовиш лишени од слобода се две лица, едно лице  во Штип и шест во Кочани. Во Виница е константиран еден случај на прекршување“, истакна Чулев.

Министерот информираше дека на територија на цела држава опоменати се 74 лица кои потоа постапиле по насоките на полицајците, а поднесени се девет кривични пријави.

Според него, МВР презема активности за утврдување елементи за поднесување кривична пријава за кривични дела за останатите сторители.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи контролираат 618 лица со решение за изолација за здравствен надзор и 7.307 лица со изјави за самоизолација при што вкупно на територија на цела држава има поднесено 77 кривични пријави.

Полицајците извршиле 322 контроли на лица кои се во изолација и 3.606 контроли со изјави за самоизолација. Од контролираните, едно лице не ја почитувало изолацијата, а 22 не го почитувале решението за самоизолација. Полицијата, рече Чулев, ќе поднесе соодветни кривични пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 

Воведен полициски час од 21 часот до 6 наутро: Кој ќе може да се движи и каде

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

51 се реинфекции: 370 нови случаи на Ковид-19 од 3.148 тестови

Редакција

Поранешен градоначалник на Чашка обвинет за несовесно работење

Редакција

Препораки за топлотниот бран: Да се остане на затворено, повеќе течности и внимателност при исхраната

Редакција