еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Убава приказна која го освои Балканот: Албанци во Тетово му помогнаа на Србин од Ниш да ја поправи колата

Статусот на Фејсбук на Никола Петровиќ од Ниш, Србија, масовно се споделува и собра бројни позитивни коментари.

Во него тој го споделува своето искуство од Тетово каде викендов му се дупнала гумата на автомобилот.

Никола вели дека бил пријатно изненаден кога застанале околу 10 луѓе, од кои девет биле Албанци и му понудиле помош.

„Искушенијата се составен дел од патувањето. Шраф ми ја скина гумата кај Тетово, а не работат вулканизерите во недела.

Додека го извадив помошното тркало, 10 луѓе (од кои 9 Албанци) застанаа да ме прашаат дали треба помош.

Еден од нив се јави кај негов пријател, по што го однесе тркалото, го врати и монтирарше за 15 минути.

Ми побара 10 евра за услугата ако имам, по што ме викна на кафе.

Сакам да верувам дека некој со таблички од Тетово, кој се нашол во неволја некаде покрај Ниш ќе помине како што поминав јас денес“, напиша Никола.

Фото: Фејсбук/Петровиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „ТНТ“: Рустеми побара затворска казна за Груевски и повлече дел од обвинението за Јанакиески

Редакција

Од СЈО загрижени оти нема замена за Јанева и да не протечат прислушувани разговори

Редакција

Немаме пари за да испечатиме учебници по сите предмети во средното образование, вели министерот Шаќири

Редакција