еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: 11 здравствени работници од Инфективното одделение во Штип негативни на Ковид 19

Негативни се резултатите за коронавирусот и на последните четворица здравствени работници на Инфективното одделение Штип, а кои неколку дена се чекаше да пристигнат.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, за МИА изјави дека од Инфективното одделение тестирани се вкупно 14 медицински лица, од кои две лекарки, осум медицински сестри и четворица болничари.

Позитивни на корона вирусот се вкупно тројца вработени од ова одделение – двајца болничари и една медицинска сестра, додека за остантите 11 вработени, тестовите покажаа дека се негативни на Ковид 19.

Поради дополнителните прегледи и анализи на 80-годишната жена, која со два негативни теста и дијагноза на бронхопневмонија е примена во болница, се тестираше и еден лекар специјалист од друго одделение, а резултатите покажаа дека е позитивен на коронавирусот.

Ѓеорѓијев посочи дека на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се лекуваат од коронавирусот, а останатите четворица се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од тестовите.

-Очекувам од утре како болница тестовите да ги праќаме во лабараторијата на МАНУ, од каде што резултатите од брисевите ќе ги добиваме за еден ден, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека утрово пристигнала и уште една донација за штипската Клиничка болница. Здружение на возачи за потребите на болницата во време на пандемија донира 300.000 денари.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 242 лица од заразените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во

121 здравствени работници заразени со коронавирусот во Македонија

Кај 76,4% од починатите од коронавирусот во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немаме намера да дискутираме за црковни прашања и црковниот статус на МПЦ-ОА, вели членот на заедничката комисија со Бугарија, Тодоров

Редакција

Идниот месец ќе се бираат нови членови на МАНУ

Редакција

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев се повлекол од партијата поради лични причини

Редакција