еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Дванаесет штипјани излекувани од корона вирусот

Дванаесет штипјани досега се излекувани од корона вирусот (Ковид-19), а за четворица пациенти се чека вториот тест. Доколку бидат негативни и тие ќе влезат во бројката на излекувани, соопшти денеска директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова.

Од почетокот на пандемијата досега во Штип се регистрирани вкупно 32 граѓани кои се позитивни на коронавирусот, но има и две жртви. Станува збор за 81-годишна жена и 83 годишен маж.

Димитрова вели дека досега на пунктот, но и мобилниот тим на Инфективното одделение, имаат земено околу 300 брисеви, од кои повеќето од граѓани на Штип, но има и од Пробиштип и Радовиш.

Се земаат брисеви и на Инфективното одделение, каде што се лекуваат пациенти од целиот источен регион. Засега добро стојат со заштитна опрема. Вчера добиле донација во маски, а денеска дополнително ќе добијат уште една донација во друг вид на заштитна опрема.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на Инфективното одделение се лекуваат тројца пациенти заразени со коронавирус, по еден од Штип, Пробиштип и Пехчево.

На Одделението за хирургија има примено еден пациент со сомнителни симптоми, кој се третира како да е заразен, но резултатите треба да покажат дали е позитивен.

Ѓеорѓијев истакна дека од утре ќе почнат со носење на брисевите во лабораторијата во МАНУ, со што се очекува побрзо да пристигнуваат резултатите за пациентите, кои се на болничко лекување.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на корона вирусот, од утре почнува со работа

Во Прилеп пет нови случаи на заболени од корона вирусот

Потврдени 41 нови случаи на заболени со корона вирусот, вкупниот број 1.300

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија нема да дојдат бугарски полицајци за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев

Редакција

135 нови случаи на Ковид-19 од 1.514 тестирања

Редакција

Антикорупциска ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики

Редакција