еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Убава вест: Градскиот трговски центар во Скопје ќе добие зелен покрив

Градскиот трговски центар во Скопје ќе добие зелен покрив што ќе се простира на повеќе од 1.800 квадратни метри.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција информира дека проектот е финансиран од Градот Скопје, а врз основа на Меморандумот за соработка меѓу УНДП и Градот, во рамки на Програмата „Отпорно Скопје“.

Како што Шилегов посочи, за проектот се обезбедени околу 32 милиони денари.

Зелениот покрив, очекува, веќе во текот на летото да може граѓаните да го употребуваат.

„Ќе бидат изградени неколку големи површини, ќе бидат засадени преку 29 висококвалитетни повеќегодишни дрва, а ќе има моменти за забава во смисла на хоризонтален шах со големи фигури, една летна сцена каде граѓаните ќе можат да поминуваат и кафетерија“, рече Шилегов.

Постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахакјан, појасни дека ова е нова технологија со што се дава осврт на новите опасности од климатските промени, односно топлотните бранови, со кои Скопје е загрозено.

Додаде дека интересен факт е тоа што летно време, кога температурата на градскиот полоштад е 27 степени целзиусови, покривот на градскиот трговски центар е 37 целзиусови степени што значи дека за десет степени е повисока температурата.

„Ова е еден од заедничките проекти во кои треба да се зголеми отпорноста на градот на климатските промени и каде ќе се применат најнови технологии во градење на таквата отпорност и решавање на проблемите“, рече Сахакјан.

МИА/Визуелизација:Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14-годишната Вања Ѓорчевска се уште е исчезната

Редакција

Крадци на дрва нападнале полициски службеници

Редакција

Несекојдневна кражба: Синот му „здиплил“ на таткото 85.000 евра од метална каса

Редакција