еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Убава вест од ЕУ: Целосна забрана на пластика за едонкратна употреба

Европскиот парламент вчера изгласа целосна забрана на пластиката за еднократна употреба во земјите од Европска Унија.

Главна цел е да се намали загадувањето во океаните. Со оваа одлука ќе се забранат предмети направени од пластика, како прибор за јадење, чаши, памучни стапчиња, сламки и дршки за балони.

ЕК ја предложи оваа мерка во мај и по процедурите се очекува да биде усвоена и да стапи на сила низ Европска Унија до 2021 година.

Одлуката би требало да се прошири и на филтрите во цигари. Производителите ќе мора да ја намалат пластиката во нив за 50% до 2025, односно за 80% до 2030 година.

Друг амбициозен проект предвидува 90% од пластичните шишиња да се рециклираат до 2025 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците „удрија“ на купување автомобили: Се помалку граѓани се возат со автобус и воз

Редакција

(ВИДЕО) Стотици пластични шишиња пловат по Вардар, Скопје стана главен град на ѓубрето

Редакција

Макрадули: Никој не може повеќе да ја сака ќерка ми од мене, ви гарантирам воздухот ќе биде чист

Редакција